Нови проблеми за Зидан

Повредите го уништуваат Азар, повторно ќе паузира

Еден Азар мака мачи со повредите, Белгиецот го чека нова подолга пауза, ќе биде во аут од четири до шест недели, во најдобар случај ќе се врати пред дербито со Атлетико Мадрид. 

Азар вчера не тренираше поради ситна повреда, но денес се врати на тренинг и ситната повреда стана сериозна.

За време на денешниот тренинг Азар одново се пожалил на повреда во мускул, а по тестовите е установено дека ќе треба да паузира најмалку еден месец, а можно е и некоја недела повеќе.

Тоа значи дека во најдобар случај би се вратил пред дербито против Атлетико Мадрид кое треба да се игра на седми март. Тој со сигурност ќе го пропушти првиот меч против Аталанта од Лигата на шампионите.

Незабележливите разлики во нашето однесување кои се дел од психолошката манипулација на социјалните мрежи се предизвикани од надзорниот капитализам и ја нарушуваат демократската култура и личната автономија.

повеќе

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе