Клубот потврди

Повредата на Барди е минато, се враќа во стројот на Леванте

Македонскиот фудбалер, Енис Барди почна да тренра со остатокот од тимот по паузата која ја имаше поради повредата.

 

Барди подолго време се мачеше со повреда, пред некое време почна со индивидуални тренинзи, а од синоќа им се приклучи на соиграчите.

Се очекува Барди да биде во комбинација за наредните натпревари, прв доаѓа дуелот со Севиља.

„Леванте ги продолжи подготовките за претстојниот меч со Севилја и позитивната вест е дека во тимот на тренингот се врати Енис Барди, кој ја надмина повредата на бутниот мускул“, објави Леванте.

Ова е позитивна вест и за селекторот Благоја Милевски кој би требало да го има Барди на располагање за ноемвриските натпревари на Македонија.

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе

Тешко е да се очекува дека ветото ќе биде туку-така тргнато. Дури и кога би се постигнал некаков договор, тоа би значело дека Македонија направила тешки и болни компромиси за да дојде до решение, имајќи ги предвид тврдите позиции на Бугарија.

повеќе

Лошите прогнози за инфлацијата и зголемувањето на цените на сите енергенси, не упатува кон еден заклучок - обновливите извори на енергија, заедно со вложувањето во самоодржливост и економијата на подарувањето сега се позначајни отколку кога и да е претходно.

повеќе