Според хрватските медиуми

Повредата на Адеми е сериозна, проблем и за македонската репрезентација

Според хрватските медиуми, Аријан Адеми би можел да паузира и околу три месеци поради повредата на вчерашниот меч со Омонија. 

Динамо Загреб со 2-0 ја совлада Омонија, но го загуби својот капитен, Адеми пред крајот на првото полувреме поради повреда мораше да го напушти теренот.
 
Денешните информации од Хрватска велат дека прогнозите не се добри, Адеми би можел да паузира и до три месеци, а тоа ќе значи дека ги пропушта мечевите на Македонија во септември против Ерменија, Исланд и Романија, а би можел и оние во октомври против Лихтенштајн и Германија.
 
Адеми во четврток ќе оди на дополнителни прегледи по што точно ќе се знае неговата дијагноза и колку долго ќе му треба за да се опорави.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе