Аргентинецот е желба уште од времето на Масимо Морати

„Повеќе од десет години сонуваме за Меси во Интер... можеби сега е прав момент за ваков трансфер“

Првиот човек на Пирели, Марко Тронкети Провера вели дека можеби сега е правиот момент да се реализира сонот стар десетина години и Лео Меси да биде донесен на Џузепе Меаца.

Лео Меси беше желба на поранешниот сопственик и прв човек на Интер, Масимо Морати а од сонот Аргентинецот да го облече „црно-синиот“ дрес не се откажува и Марко Тронкети Провера, прв човек на Пирели, компанијата која е долгогодишен спонзор на клубот од Џузепе Меаца.

„Повеќе од десет години сонуваме за Меси во Интер... можеби сега е прав момент за ваков трансфер“ – изјави Провера во разговор со Гр Парламенто.

Mарко Тронкети Провера зборуваше за Лео Меси и пред некоја година, односно по трансферот на Кристијано Роналдо во Јувентус. Тој тогаш ги повика соспствениците од Кина да го одврзат ќесето и на преселбата на ЦР7 во Торино да одговорот со ангажмана на Лео Меси.

Неодамна, Интер беше посочен како еден од четирите клубови кои внимателно ја следат ситуацијата на Аргентинецот и се подготвени да реагираат доколку тој реши да замине од Камп Ноу.

Лео Меси има опција во јуни да го раскине договорот со Барселона и како слободен играч да го напушти клубот.

Кога може оние кои пукаа по нас, оние кои ги убија Аце, Коки и Оливер да бидат на слобода, зошто не би бил помилуван и ти?

повеќе

Го регистрираме името Јунајтед Маседонианс и тогаја сетне почнаме да прајме отворени Илинденцки пикници – македонцки илинденцки, не со Богарите. Сами ние Македонци и народо трна.

повеќе

Она она што го нудат медиумите во времето на ковид-19 покажа колку тие не се подготвени за да известуваат во време на криза, а кризите ги има сè почесто.

повеќе