Баерн Минхен со социјално дистанцирање ги потпишува договорите

Потпишаа договор со Милер и го презентираа на 2 метри растојание

Баерн Минхен и Томас Милер ја продолжија соработката, а презентацијата на новиот договор беше во согласност со правилата во време на коронавирус. 

Милер се врати во форма под водство на Флик, напаѓачот повторно е среќен, а тоа го искористи Баерн Минхен и го обврска на договор до 2023 година.
 
„Баерн Минхен и Томас Милер го продолжуваат своето долго партнерство. По конструктивните и позитивни преговори, клубот и напаѓачот се договорија за двегодишно продолжување на актуелниот договор, новиот ќе биде со траење до 30 јуни 2023“, стои во соопштението на Баерн Минхен.
 
На сликата од презентацијата на договорот се гледа како Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан стојат на дистанца од Милер почитувајќи ги препораките во време на коронавирус.

Доколку нешто радикално не се промени, не можеме да очекуваме дека нашата економија брзо ќе се нормализира и ќе излезе од сегашната криза.

повеќе

Како да разликуваш дали „Македонец” означува етничка припадност или државјанство? Според потребата на моментот!

повеќе