Влијанието на спортските ѕвезди е огромно

Потегот на Роналдо ја чинеше Кока-кола четири милијарди долари! (ВИДЕО)

Акциите на Кока-кола паднаа по потегот на Кристијано Роналдо на прес-конференцијата кога ги тргна шишињата кои беа пред него и порача дека треба да се пие вода. 

На прес-конференцијата во пресрет на мечот против Унгарија, Кристијано Роналдо ги тргна шишињата со Кока-кола кои беа пред него и порача дека треба да се пие вода.
 
 
Ваквиот потег на Португалецот беше удар за акциите на Кока-кола, вредноста на компанијата падна за неверојатни 4 милијарди долари.
 
Една акција на Кока-кола пред пресот чинеше 56,1 долар, а по потегот на Роналдо падна на 55,2 долари.
 
Тоа е 1,6 проценти пад, што значи намалување на вкупната вредност на Кока-кола за 4 милијарди долари.
 
Вкупната вредност на Кока-кола е 238,35 милијарди долари.
 
Кристијано Роналдо не само што не конзумира производи со фабрички шеќер, туку не им дава и на своите деца. Тие имаат изјавено дека може да се напијат Кока-кола или да јадат чоколадо само кога татко им е на пат. Португалецот строго внимава на исхраната и на фитнесот, затоа игра во голема форма и покрај годините.

Време е да се фокусираме врз суштинските проблеми. Време е да создадеме вистински ’општествен договор‘ за владеење на правото и на човековите права како главни столбови на европските вредности

повеќе

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе