Ново големо засилување за Мурињо

Постигнат е договор, Вајналдум ќе игра за Рома

По неколку неделни преговори, трите страни се договорија, ПСЖ, Рома и Ванјалдум најдоа заеднички јазик и холандскиот фудбалер оди во Рим да ги помине формалностите и да го потпише договорот со волчицата.

Џиџи Ванјалдум во следната сезона ќе игра на позајмица од ПСЖ во Рома.

Најголемиот дел од преговорите се водеше за платата на Вајналдум. Тој во ПСЖ добива околу 10 милиони евра, Рома ќе му плаќа дел од таа сума, дел ќе биде трошок на францускиот клуб, а се верува дека и самиот фудбалер се има откажано од некој милион за да се случи трансферот.

Вајналдум денеска треба да отпатува во Рим каде ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го потпише договорот со Рома.

Тој ќе биде уште едно мега засилување за Жозе Мурињо по доаѓањето на Пауло Дибала.

Со заминувањето на Вајнладум, ПСЖ планира да го комплетира ангажманот на Ренато Санчез кого го ставија на чекање.

Трендот на заминување на младите од родната земја е загрижувачка појава која се случува во Македонија.

повеќе

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе