Суперкуп на Европа

После Ливерпул пак Ливерпул, „црвените“ на пенали до трофејот од Суперкупот на Европа (ВИДЕО)

Избраниците на Јирген Клоп се радуваат на трофејот од Суперкупот на Европа откако вечерва по изведување на пенали ја добија пресметката со Челси.

Последен пат клуб од Англија го подигна трофејот од Суперкупот на Европа во 2005, Тогаш, Ливерпул со 3-1 ја совлада ЦСКА Москва. 14 години подоцна, Ливерпул пак стигна до овој пехар.

Вечерва во Истанбул, избраниците на Јирген Клоп на пенали ја добија пресметката со Челси. „Сините“ беа подобар противник во првиот дел и на пауза заминаа со предност од 1-0 благодарејќи на голот на Жиру.

„Црвените“ одговорија веднаш на стартот од второто полувреме преку Мане, а потоа двете екипи имаа свои шанси да ја однесат победата, но резултатот остана 1-1.

Во продолженијата, Мане донесе водство за Ливерпул во 95. минута, за Жоржињо од белата точка во 101. минута да изедначи на 2-2.

Па пенал серијата го реши освојувачот на Суперкупот на Европа, а таму сите играчи беа прецизни се до младиот Абрахам, кој очајно биеше и му овозможи на голманот Адриан да обрани.

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе