Лига на нации

Португалија убедлива против Швајцарија, Шпанија се спасуваше од пораз во Чешка (ВИДЕО)

Португалија со 4-0 ја победи Швајцарија, два гола беа дело на Кристијано Роналдо, Шпанија во 90. минута се спаси од пораз на гостувањето кај Чешка, мечот заврши 2-2. 

Се одиграа два меча од дивизијата А во Лигата на нации, Португалците лесно се справија со Швајцарија, а Шпанија киксна во Чешка.
 
Кристијано Роналдо даде два гола во победата од 4-0, а по еднаш погодија Вилијам Карваљо и Кансело.

 
Чешка двапати водеше против Шпанија, но не успеа да дојде до победата. Прв гол даде Пешек во четвртата минута, пред крајот на првиот дел Гави израмни на 1-1.
 
Во 66. минута Кучта ја врати предноста на Чесите, и кога се очекуваше тие да победат, Мартинез погоди во 90 минута за 2-2.

Доколку чувствуваме дека нашиот труд ќе биде награден со успех, ќе ѝ приоѓаме на околината со апетит, доверба и храброст.

повеќе

Од општи формулации кон конкретни разговори.

повеќе

„Вчерашниот ден измина, утрешниот допрва доаѓа, го имаме само денес - да започнеме“.

повеќе