Лига на Нации

Португалија и без Роналдо пресилна за Хрватска, гостински победи за Белгија и Франција (ВИДЕО)

Португалија и без својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо, триумфираше со 4-1 против Хрватска, Белгија со 0-2 победи на гостувањето кај Данска а Франција со 0-1 славеше кај Шведска.

Портуалија ја забележа најубедливата победа во првото коло од новиот циклус во Лигата на нации, вечерва актуелниот европски шампион со 4-1 ја совлада Хрватска. И покрај тоа што играа без својот најдобар фудбалер Кристијано Роналдо, популарните „селесао“ немаа многу проблеми против „коцкестите“.

Kансело испрати проектил од далечина за 0-1 во финишот на првиот дел, Жота зголеми на 2-0 во 58. минута од мечот, а Жоао Феликс со прецизен удар од врвот на шеснаесетникот донесе 3-0 во 70. минута.

Во првата минута од судиското надополнување, Петковиќ постигна почесен гол, но во 95. минута, Андре Силва го имаше последниот збор и реализираше за конечни 4-1.

Белгија со 0-2 победи на гостувањето кај Данска со головите не Денајер во првото полувреме и Мертенс во завршницата од натпреварот.

Мбапе блесна во Стокхолм и со соло пробив ја матираше Шведска и донесе триумф од 0-1 за Франција.

Претходно во денот, Англија со голема доза на среќа стигна до победа од 0-1 на гостувањето кај Исланд. Стерлинг погоди од пенал во 91. минута, но веќе во следниот напад, домаќините промашија од белата точка и испуштија бод.

Резултати Лига на Нации:

Лига А

Исланд - Англија 0:1
Данска - Белгија 0:2
Португалија - Хрватска 4:1
Шведска - Франција 0:1

Лига Ц

Македонија - Ерменија 2:1
Азербејџан - Луксембург 1:2
Кипар - Црна Гора 0:2
Естонија - Грузија 0:1

Лига Д

Гибралтар - Сан Марино 1:0

Критичкото малцинство, на 2020 година не гледа само како на година која ја донесе вирусната пандемија, туку и како на година која донесе и еден друг вид на пандемија, онаа на КОВИД-авторитаризмот.

повеќе

Во моментов, мал број проекти или иницијативи во Македонија се фокусираат на тоа како универзитетите ги подготвуваат студентите за општествена одговорност и за граѓанскиот статус.

повеќе

Попис на населението во 2020 треба да има, затоа што тоа утре може да биде услов за Македонија да чекори напред кон ЕУ.

повеќе