Најлошиот период од кариерата на Роналдо

Португалците сакаат Роналдо да седне на клупа и во нивната репрезентација

Пред мечот со Шпанија, дел од португалските медиуми и навивачи бараа селекторот да го седне на клупа Кристијано Роналдо, но тоа не се случи, сега притисокот врз него е уште поголем. 

Ова може да се опише како најлош период во досегашната кариера на Кристијано Роналдо. Тој е на клупата на Манчестер јунајтед, а и во Португалија почнаа да бараат да не биде стартер.
 
Роналдо стартуваше само на три натпревари под водство на Тен Хаг, а од тие Манчестер јунајтед победи само на еден.
 
Без него тимот влезе во добра форма, па се очекува и на идните натпревари да почнува од клупата.
 
Роналдо имаше лош натпревар против Чешка иако Португалија победи. Па португалскиот весник „А Бола“ пред мечот со Шпанија излезе со наслов: „Помалку Роналдо, повеќе Португалија“.
 
 
Нивната поента беше дека поради малата минутажа во Манчестер јунајтед, Кристијано Роналдо не е во најдобра форма и не треба да биде стартер.
 
Селекторот Фернандо Сантос, не ја послуша јавноста, Роналдо го одигра целиот меч против Шпанија, но повторно беше лош.
 
Португалија го загуби натпреварот и не успеа да се пласира во завршницата од Лигата на нации.
 
Роналдо пред некој ден рече дека сака за Португалија да игра и на Европското првенство во 2024, но тој треба прво да ја убеди јавноста дека треба да биде стартер и за Светското првенство во Катар.
 
 

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе