Лига Европа

Порази за Ристовски и Адеми во Лига Европа

Спортинг Лисабон на свој терен загуби од Виљареал со 1-0, додека Динамо Загреб со негатива од 2-1 се враќа од Плзен.

Нашите интернационалци во првите мечеви од нокаут фазата во Лига Европа доживеаа порази.
 
Спортинг Лисабон пред своите навивачи загуби со 1-0 од Виљареал а голот го постигна Алфонсо уште во третата минута од натпреварот.
 
Ристовски мечот го почна од клупата за резерви, но влезе уште во 28. минута поради повредата на Гаспар.
 
Аријан Адеми ги одигра сите 90. минути за Динамо Загреб кој поведе со гол на Олмо во 41. минута. Но Викторија Плзен со два гола во второто полувреме направи комплетен пресврт и победи со 2-1.
 
Челси со 2-1 славеше на гостувањето кај Малме. Баркли и Жиру ги постигнаа головите за сините.
 
Наполи со 3-1 победи во Цирих, Инсиње, Каљехон и Зиелински беа стрелци на головите за италијанскиот тим.
 
Во другите натпревари кои се играа од 21 часот, Валенсија со 2-0 славеше на гостувањето кај Селтик, Клуб Бриж со 2-1 го победи Салцбург, Шахтар и Ајнтрахт одиграа нерешено 2-2.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе