Квалификации за ЕП 2020

Пораз од Полска, Македонија ги загуби шансите преку квалификации да се пласира на ЕП

Македонија со 2-0 загуби на гостувањето кај Полска со што останаа само теоретски шанси за пласман на Европското првенство преку квалификациите, но не и реални, Полјаците со овој триумф се пласираа на континенталниот собир.

Македонската фудбалска репрезентација не успеа да направи изненадување во Варшава, Полска покажа дека е поквалитетен противник и заслужено ги освои трите бода и на две кола до крајот се пласира на Европското првенство.
 
Во првото полувреме и двете селекции имаа по една шанса, посериозна беше онаа на Полска. Во 17. минута Пјотр Зиелински упати силен шут кој заврши во пречката од голот на Димитриевски.
 
Македонија најсериозниот обид во првиот дел го имаше од слободен удар кога Алиоски од голема далечина шутираше силно, но Шчесни одлично одбрани.
 
По пет минути во вториот дел Шимански шутираше од далечина во стативата на Димитриевски. Полска уште еднаш беше блиску до гол.
 
Македонија пропушти одлична можност преку Несторовски кој се најде во идеална позиција да го совлада Шчесни, но голманот на Јувентус го одбрани неговиот удар.
 
Во 74. минута Полска поведе со 1-0, најпрво Левандовски ја протна топката низ нозе на Кире Ристовски, а потоа и Франковски погоди исто така со гол меѓу нозе на Димитриевски.
 
Пет минути подоцна Милик постигна прекрасен гол и тука се беше јасно околу тоа кој ќе биде победник на мечот, Полска поведе со 2-0. Тоа беше и конечниот резултат.
 
Лошата вечер за нас ја комплетира и резултатот меѓу Словенија и Австрија, Австријците победија со 1-0 и најверојатно тие ќе бидат вториот патник од групата на Европското првенство.
 
Австрија има пет бода повеќе од Македонија, следниот меч им гостуваме во меѓусебен дуел, но и да победиме таму тие треба да загубат на гостувањето кај Летонија во последното коло за да паднат од втората позиција, нешто што е рамно на чудо.
 
Но Македонија има уште една шанса да се пласира на Европското првенство, а тоа е преку Лигата на нации каде треба да поминеме уште две пречки.
 
Фото: ФФМ
 

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе