Пријателски натпревар

Пораз на Македонија, ние погодувавме пречки, Азербејџан ни даваше голови

Македонската фудбалска репрезентација со пораз ја заврши годината откако на Националната Арена „Тодор Проески“ загубивме од Азербејџан со 3-1. 

Во седмиот меѓусебен дуел, Азербејџан дојде до првата победа против Македонија, реализацијата на избраниците на Благоја Милевски и овојпат беше проблем.
 
Македонија поведе на натпреварот, во 25. минута Енис Барди погоди од пенал и донесе предност за нашата репрезентација од 1-0. 13 минути подоцна Елвин Цафаргулиев донесе израмнување на 1-1.
 
По шест минути игра во второто полувреме, Бобан Николов доби втор жолт картон, Македонија остана со фудбалер помалку.
 
Предноста од фудбалер повеќе Азербејџан ја искористи во 65. минута кога Муса Кирбанли даде гол за комплетен пресврт и водство на Азербејџан од 2-1.
 
Во 75. минута силите беа израмнети откако Хојат Хахверди доби црвен картон. Следуваа две пречки на Македонија, најпрво Јани Атанасов, а потоа Енис Барди ја погодија гредата од голот на Азербејџан.
 
Откако ние не ги искористивме шансите, казната стигна при крајот на мечот кога Рамел Шејдаев погоди за конечна победа на Азербејџан од 3-1.
 
Формата на македонската репрезентација оди во надолна линија, а следен предизвик се квалификациите за ЕП кои почнуваат во март.

Им благодарам на Русите како креатори, но посебно на бугарските послушни  извршители за пропагандата што ја водат против Македонија. Што направија?

повеќе

Деновиве адвокатот Тортевски во дебатна емисија рече дека немаме критична маса за држава. Не знам дали е така, но изгледа немаме критична маса за сериозни дебати и дијалози во општеството. 

повеќе

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе