Лига на шампиони

Пораз на Јувентус од Макаби Хаифа, Копенхаген ја прекина победничката серија на Манчестер Сити (ВИДЕО)

Јувентус со 2-0 загуби на гостувањето кај Макаби Хаифа и ќе има тешка мисија да се пласира во нокаут фазата од Лигата на шампионите, Манчестер Сити не можеше да го победи Копенхаген со 10 фудбалери, немаше голови на мечот во Данска. 

Денешниот пораз од Макаби Хаифа може да се покаже како пресуден за Јувентус во борбата за пласман во осминафиналето од Лигата на шампионите.
 
Макаби Хаифа поведе уште во седмата минута со гол на Атзили, Војчех Счесни влезе со топката во голот.
 
 
Ситуацијата на Јувентус дополнително се влоши во 24. минута кога Ди Марија поради повреда мораше да го напушти мечот, Милик влезе на негово место.
 
На три минути пред крајот на првиот дел Атзили постигна нов гол и ги постави конечните 2-0.
 
 
Во вториот дел Јувентус се обидуваше да дојде до гол, но не успеа. 
 
Италијанскиот тим има четири одиграни меча и четири бода помалку од ПСЖ и Бенфика кои вечерва го играат својот дуел.
 
Манчестер Сити со серија од три победи во ЛШ пристигна во Копенхаген, но таму одигра 0-0. Гвардиола одмори дел од своите играчи, пред се Ерлинг Халанд.
 
Во 11. минута од мечот Родри постигна прекрасен гол, но му беше поништен поради игра со рака на Марез.
Во 25. минута Манчестер Сити доби пенал, но Марез не успеа да реализира, домашниот голман го одбрани неговиот удар.
 
Пет минути подоцна Гомез доби директен црвен картон, Манчестер Сити остана со фудбалер помалку.
 
Во еден таков однос на мечот, Манчестер Сити не можеше да биде толку опасен, ја контролираше играта, а Копенхаген јалово се обидуваше да дојде до гол, но не успеа.

Калоѓера не може да премолчи, не може да замиже пред историската вистина на Македонија, па затоа во својот живот се определил да македонствува.

повеќе

Слушањето како способност да го фокусираме вниманието на аудитивните дразби е важен аспект на нашиот живот и значително влијае на неговиот квалитет во сите сегменти.

повеќе

„Ќе дојде ден, кога пазарите отворени за трговија и размена на идеи, ќе бидат единствените борбени полиња“ - Виктор Иго

повеќе