Интересна ситуација

Поранешните тренери на Ливерпул ја решаваат судбината на „црвените“

Ливерпул води голема битка со Манчестер Сити за титулата во Премиерлигата, а судбината сакаше да зависат од своите поранешни тренери.

До крајот на сезоната во Премиерлигата остануваат уште две кола, Манчестер Сити има еден бод повеќе Ливерпул и ако ги добие последните два меча ќе ја одбрани титулата.

Судбината сака работите за Ливерпул да зависат и изданијата на нивите поранешни тренери, Брендан Роџерс и Рафаел Бенитез.

Манчестер Сити во понеделник го пречекува Лестер кој го води Брендан Роџерс. Доколку тој успее да остане непоразен на Етихад може да му помогне на Ливерпул да ја освои толку посакуваната титула.

Ливерпул утре (сабота) му гостува на Њукасл кој го води Рафа Бенитез. За разлика од Брендан Роџерс, фановите на Ливерпул ќе посакаат нивниот поранешен миленик Бенитез да биде неуспешен на Сент Џејмс Парк и да го загуби мечот.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе