Клубот во војна со дефанзивецот

Поранешниот прв човек на Баерн го нарече агентот на Алаба „алачна пирана“, веднаш доби одговор

Поранешниот прв човек на Баерн Минхен, Ули Хенес вели дека преговорите со Давид Алаба за проодлжување на соработката тапкаат во место поради агентот на играчот и неговата мулти-милионска провизија.

Шампионот на Германија подолго време е во преговори со дефанзивецот за продолжување на соработката но очигледно има голема разлика помеѓу двете страни.

Се говори дека Баерн на Давид Алаба му нуди плата од 11 милиони евра која со бонуси ќе скокне до 17 милиони евра но играчот инсистира на 20+ милиони евра.

Ова не е единствениот проблем, Ули Хенес вели дека агентот на играчот, Пини Захави бара неразумна провизија, а медиумите шпекулираат со бројката од 20 милиони евра.

„Алаба за агент има алчна пирана. Неговиот татко, кој ми се допаѓа многу, дозволува да потпадне под влијание на агентот. Парите се единствениот проблем. Само да знаете каква сума бара господинот Захави на име на провизија, станува збор за бројка од осум цифри. Тоа не е возможно. Сосема го разбирам Салихамиџиќ и зошто тој збеснал на состанокот“ - вели поранешниот прв човек на Баерн.

Сепак, спротивниот табор веднаш излезе со демант.

„Во ниту еден момент не сум разговарал со раководството на Баерн за висината на провизијата. Единствено оваа тема беше начната во Лисабон. Салихамиџиќ ме праша како ќе ја изменаџирам ситуацијата, а јас му кажав дека најпрво треба да работиме на договорот на играчот. Што се однесува до провизијата, ќе ја побарам вообичаената сума, колку што земаат и другите. Но во моментов не сме разговарале за конкретни бројки“ - вели Пини Захави.

Таткото на фудбалерот додава: „Го донесов Давид во Баерн кога тој беше млад. Низ годините имавме неколку можности за трансфер, но бевме лојални и останавме. Не очекував Баерн да шират вакви лаги за висината на платата и провизијата. Да се каже дека не сме се договориле поради исплата на провизија е валкан трик. И сето ова бидејќи не ги прифаќаме сумите кои ни ги нудат. Имаме некои други идеи“.

Давид Алаба е под договор до 2021 година, па доколку двете страни не си подадат рака, играчот ќе биде ставен на продажба. Се верува дека Баерн бара 60 милиони евра, но дали некој ќе плати толку многу останува да се види.

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да покаже демократски капацитети и зрелост очекувана од граѓаните

повеќе

Historia magistra vitae est (Историјата е учителка на животот). Оваа латинска изрека ќе ги објаснува односите меѓу народите и нациите додека постои светот.

повеќе