ФК Брегалниица

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски стана тренер на Брегалница

Брегалница информираше дека Илчо Ѓорѓиоски е нивниот нов тренер, тој доаѓа на местото од Марјан Секуловски.

Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски се врати на тренерската работа, во наредниот период ќе ја води Брегалница.

„Еден од најтрофејните македонски фудбалски стратези и поранешен претседател на Фудбалската Федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиоски, е нов шеф на стручниот штаб на ФК Брегалница“, стои во соопштението на клубот.

„Брегалница со овој чин и именувањето на Илчо Ѓорѓиоски за нов шеф на стручниот штаб отворено ја покажува намерата за дополнителен свој фудбалски развој. Нема потреба да се трошат зборови за тоа кој е Илчо Ѓорѓиоски на македонската фудбалска сцена, па единствено може да посакаме да се продолжи со успешните резултати на ФК Брегалница во иднина“, истакна првиот човек на Брегалница, Кирил Гогов, по потпишувањето на договорот со Ѓорѓиоски.

Илчо Ѓорѓиоски во својата тренерска кариера има три шампионски титули во македонското првенство, со Македонија ЃП и со Вардар.

„Без сомнение, Брегалница добива шампионски шмек со ангажманот на Ѓорѓиоски. Трофеите во македонскиот фудбал, но и фактот дека ја препороди Фудбалската Федерација на Македонија во нејзините најтешки години, доволно зборува за тоа какво име доаѓа на чело на тимот на Брегалница“, вели спортскиот директор на „сините“, Никола Тонев.

Со фактот што Европа продолжува да плаќа милијарди долари за рускиот гас секој месец, таа и понатаму игра онака како што свири Кремљ, покажувајќи на тој начин дека е заробеник на сопственото задоволство.

повеќе

Грејната сезона заврши во месец април како и секоја година, но последнава беше со многу проблеми кои произлегоа од енергетската криза, од војната во Украина и генерално од светската економска криза.

повеќе

Откривањето на минатото ни помага многу да ги научиме изненадувањата на иднината.

повеќе