Македонскиот капитен во центарот на вниманието

Поранешниот клубови на Пандев немаат мир од Македонецот, Џенова го победи и Интер (ВИДЕО)

По Лацио, настрада и Интер, Џенова врза две победи, а македонскиот капитен Горан Пандев повторно е во центарот на вниманието поради тоа што тресеше уште еден свој поранешен тим.

Џенова со 2-0 го победи Интер во денешниот вечерен натпревар од Серија А, Горан Пандев беше јунак на својот тим.
 
Резултатот беше отворен пред самиот крај на првото полувреме кога по асистенција од Шкрињар, Ранокија си постигна смешен автогол.
 
По 15 минути игра во второто полувреме, Лаксалт асистираше до Горан Пандев кој погоди и го постави конечниот резултат од 2-0.
 
Пандев во минатото коло стрелаше против Лацио, а вечерва против Интер. На македонскиот фудбалер му остана уште Наполи за оваа сезона да погоди против сите свои поранешни клубови кои сега се во Серија А.
 

Планот за чист воздух од само 1,5 милиони евра издвоени од буџетот и за граѓаните и за еколошките активисти е несериозен.

повеќе

Во битката за фотелја во ФФМ секогаш решавачка била „техниката" на добивање гласови од делегатите со поткуп, ветувања, партиски и притисоци на локалните моќници... 

повеќе

Како може да се надминат исклучивите и националистички толкувања на минатото: што работат комисиите?

повеќе