Добил покана за мобилизација

Поранешен репрезентативец на Русија и фудбалер на Евертон повикан на фронтот!

Поранешниот репрезентативец на Русија, Динијар Билјалетдинов добил покана за мобилизација во руската армија, ова го потврди таткото на фудбалерот.

Русија минатата недела најави делумна воена мобилизација (околу 300.000 луѓе) за фронтот во Украина, а денеска пристигна информација дека покана за приклучување во руската армија добил и поранешниот репрезентативец Динијар Билјалетдинов.

Вестите ги потврди и неговиот татко, иако постојат сомнежи за грешка со оглед на тоа дека Динијар Билјалетдинов има 37 години (одлуката е за лица до 35 години).

Се говори дека Динијар Билјалетдинов има служено воен рок, иако под специфични услови, па затоа е повикан на фронтот. 

Одредни извори пак пишуваат дека овој потег е со задни намери, односно да се искористи популарноста на Динијар Билјалетдинов за други полесно да се приклучат на фронтот. 

Динијар Билјалетдинов беше дел од генерацијата на Русија која на Европското првенство во 2008 стигна до полуфиналето. 

Добрите настапи на континенталниот собир му донесоа трансфер во Премиерлигата во редовите на Евертон.

Светска банка проценува дека за секој долар инвестиран во здравството, државата има бенефит од 4 долари во смисла на зголемена економска продуктивност.

повеќе

Провокација е именувањето на бугарските клубови „Борис III“ и „Ванчо Михајлов“. Не можеа ли да бидат со имињата Елин Пелин, Димчо Дебељанов, Черноризец Храбар или Иван Вазов?

повеќе

Слоганот на македонското претседателство со ОБСЕ е “It’s About People” и затоа ќе е доблесно МНР да побара помош и поддршка за да си ги заштити националните интереси, интегритетот, суверенитетот, јазикот и идентитетот.

повеќе