Полемиката кој е подобар Меси или Роналдо, вечно ќе трае

Поранешен играч на Реал Мадрид рече дека Меси е подобар од Роналдо, па почна да се вади

Полемиката кој е подобар Меси или Кристијано Роналдо секогаш е актуелна, можеби и вечно ќе трае, на оваа тема во незгодна ситуација беше ставен легнедарниот играч на Реал Мадрид Гути.

Обично тие што се Мадридисти го преферираат Кристијано Роналдо поради тоа што тој направи многу за Реал Мадрид. Но Гути имаше твит во кој го одбра Меси пред Кристијано Роналдо.
 
Во изјава за „Марка“ тој сега се вади и на прашањето кој е подобар вели: „Двајцата“.
 
„Точно е дека неодамна твитнав дека го одбирам Меси, но го вреднувам Кристијано многу високо поради тоа што го има направено. Тој е голем фудбалер“.
 
„Меси е поголем талент, Кристијано повеќе е голгетер, поамбициозен и повеќе играч кој самиот себеси се изградил со работа“.
 
„Неверојатно е што во ерата на Меси, Роналдо освои пет Златни топки“.
 
„Роналдо беше исклучително значаен и го покажа тоа во Реал Мадрид. Тој беше значаен фактор, пред се поради гол продуктивноста. Особено во големите натпревари. На Реал Мадрид му фали Роналдо“.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе