Поранешен фудбалер на Леверкузен и Бешикташ со пиштол убил човек во Турција (ВИДЕО)

Поранешниот турски фудбалер, Сезер Озтурк и негов пријател убиле еден човек, а четворица повредиле во расправија за сообраќајна предност.

Озтурк кој сениорската кариера ја почна во Баер Леверкузен, а играше и за турските гиганти Фенербахче и Бешикташ е притворен и обвинет за убиство.

Убиениот човек е Халил Ибрахим кој со своите пријатели бил на пикник. Според турските медиуми Озтурк сакал со автомобил да помине од тоа место и побарал да се тргнат по што настанала расправија.

Во еден момент поранешниот фудбалер извадил пиштол и почнал да пука, го убил Ибрахим и ранил уште четворица кои подоцна биле префрлени во болница.

По направеното убиство Озтурк избегал од местото на настанот, но бил фатен на друга локација.

Турската полиција за денеска најави повеќе детали за случајот.

Одлуките донесени од поранешната власт, како што се докажа, беа лоши.

повеќе

Сѐ поочигледно е дека наместо Заев да направи чистка и да замети, граѓаните ќе го изметат него и СДСМ.

повеќе

Можеби поради еуфоријата што ја донесе туризмот - и желбата на самите жители на Грција да уживаат во одморите - пошироката јавност беше подготвена да ги толерира дневните бројки на новозаразени (во просек помеѓу 2.000 и 3.000 случаи во текот на летото). 

повеќе