Едно поинакво мислење

Поранешен француски голман го брани судијата расист: Кога работев во Африка ме нарекуваа бело момче, па ништо

Поранешниот француски голман, Лионел Шарбоње се обиде да го оправда романскиот судија Себастијан Колтеску и да објасни дека неговите зборови не се расистички, но веројатно само си стави крај на кариерата како спортски коментатор.

На синоќешниот дуел помеѓу ПСЖ и Башакшехир се случи голем скандал откако четвртиот судија беше обвинет дека на расна основа го навредил Пјер Вебо, помошник тренерот на гостите.

Фудбалерите на Башакшехир се повлекоа во соблекувалната, добија поддршка и од играчите на ПСЖ, па УЕФА реши натпреварот да продолжи денеска но со нови судии.

Мешаницата започна по петнаесетина минути игра кога главниот судија дојде крај аут линијата за да опомене некој играч а четвртиот судија ги употребил зборовите „ala negru“. Пјер Вебо ова го протолкувал како „negro“ па бурно реагираше а во протестите му се приклучија и соиграчите.

Себастијан Колтеску, човекот во центарот на скандалот, потоа им објаснувал на играчите дека со својот колега разговарал на романски јазик и само кажал „на овој црн човек“. Затоа беше и реакцијата на Демба Ба, кој му се пушти на судијата и го прашуваше, „зошто не велиш овој бел човек?“.

И додека на речиси сите им е јасно дека судијата погреши, поранешниот француски голман, Лионел Шарбоње реши да го брани.

„Морате да ми дозволите да кажам што имам да кажам. Имам работено во Африка, постојано ме викаат белото момче и никогаш никој не сметаше дека ова е расизам“ – рече Шарбоње за Радио Монте Карло.

Многумина сметаат дека Шарбоње со ваквите коментари не помага и само побрзо ќе му заврши кариерата како стручен коментатор.

Пред неколку недели се наврши една година од почетокот на пандемијата. Ковид-19 ги разоткри системските проблеми во здравствениот систем и другите институционални гранки на Косово.

повеќе

Ако не се претвориме во систем на вакцинални касти („Тргни ги твоите Астразенека-шепи од мојот Фајзер-дедо“), може да застраниме кон вакцинални пасоши со сомнителна валидност („Врвката на оваа пропусница не е во нијанса одобрена од СЗО!“).

повеќе

Освен неколку изолирани обиди, повеќето луѓе не реагираат кај институциите и не бараат одговорност. 

повеќе