Хрватот покажа почит кон ривалот

Пораката која Модриќ му ја упатил на Меси при предавањето на „Златната топка“

Лео Меси вчера по шести пат ја доби наградата „Златна топка", торефејот му го предаде Лука Модриќ, кој имал и кратка порака за ривалот и му порачал дека заслужено е прогласен за најдобар играч во сезоната.

Синоќа во Париз беше собран кремот на фудбалот за доделување на престижната награда „Златна топка“. Церемонијата беше посиромашна за едно од најголемите имиња во светот, Кристијано Роналдо кој одлучи да не присуствува бидејќи нема да го добие трофејот. Португалецот се реши да патува во Милано каде се избираа најдобрите во Калчото и тој беше прогласен за играч на сезоната.

За разлика од ЦР7, Лука Модриќ, кој минатата година стигна до „Златната топка“ се појави на церемонијата. Хрватот не беше помеѓу 30-мината номинирани, немаше никаква обврска, но и покрај тоа дојде за лично да му го предаде трофејот на Лео Меси.

Медиумите сега откриваат дека фудбалерите на Реал и Барса имале краток разговор на биниата, и Лука Модриќ му порачал на Лео Меси: „Честитки, го заслужуваш трофејот“.

Кога на црвениот тепих разговараше со новинарите, Лука Модриќ доби прашање за отсуството на Кристијано Роналдо и тој рече: „Можам да говорам само во свое име. Среќен сум што сум дел од церемонијата. Мислам дека во фудбалот најважна е почитта, па и кога нема да победите, во знак на почит треба да бидете тука. Вечерва се слави фудбалот и затоа сум тука, да покажам почит, многу едноставно“.

Што мисли за освојувачот на „Златната топка“, Модриќ вели: „Меси е импресивен, еден од најдобрите на сите времиња“.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе