„Ѓаволите“ и Солскјер веројатно останаа без клучна предност

Поради Манчестер Сити, пресметката Барселона – Манчестер јунајтед мораше да биде променета

УЕФА мораше да направи корекции за двомечот помеѓу Барса и Манчестер јунајтед, наместо првиот меч да се игра на Камп Ноу како што беше според ждребот, „ѓаволите" сега ќе бидат домаќини а реваншот ќе се игра во Барселона.

Европската куќа на фудбалот го промени распоредот на двомечот помеѓу Барселона и Манчестер јунајтед. Според ждрепката, „каталонците“ требаше да бидат домаќини на првиот натпревар, а реваншот да се игра на Олд Трафорд.

Но поради Манчестер Сити, Манчестер јунајтед сега ќе биде домаќин на првиот натпревар а патникот во полуфиналето ќе се решава на Камп Ноу.

Причина за ова е тоа што УЕФА не дозволува во еден ист град да има два меча во иста вечер или пак два меча во две последователни вечери. „Граѓаните“ и „ѓаволите“ во ждрепката беа извлечени како гости, па тоа значеше дека ќе мора да биде променет распоредот.

Бидејќи Манчестер Сити минатата сезона заврши пред Манчестер јунајтед во Премиерлигата, правилата налагаат на „ѓаволите“ да им се промени распоредот.

Обично се вели дека е подобро реваншот да се игра на домашен терен, па Оле Гунар Солскјер и Манчестер јунајтед можеби останаа без клучна предност во пресметката со Барселона.

Но „ѓаволите“ во Париз покажаа дека можат да се носат со притисокот и го елиминираа ПСЖ со голема победа од 1-3 како гости во реваншот.

Апелирам до лидерите на партиите да не им „помагаат" на кандидатите.

повеќе

Во ерата во која сите напредни земји во светот престануваат со употреба на фосилни горива, ние отвораме нови наоѓалишта, наоѓаме оправдување за исцрпување на необновливите ресурси и за активирање на најголемата глобална закана за морската биолошка разновидност.

повеќе

За жал многумина, а особено оние што треба, не може да ја видат историската димензија на оваа посета на еден папа на нашата земја.

повеќе