„Ѓаволите“ добиле многу поплаки

Поради македонски фан, Манчестер јунајтед се откажува од намерата да го ангажира Арнаутовиќ!

Манчестер јунајтед се откажува од намерата да го ангажира Марко Арнаутовиќ, клубот добил голем број на поплаки од навивачите, па решил да се повлече од преговорите со Болоња.

Изминатиов викенд се појавија гласини за изненадувачки трансфер на Марко Арнаутовиќ во Манчестер јунајтед.

Болоња сепак ја одби понудата вредна околу 8 милиони евра, и во прв момент се пишуваше дека „ѓаволите“ ќе се вратат со нов побогат предлог.

Сепак, последните информации велат дека Манчестер јунајтед се повлекува од зделката, новинарот Фабрицио Романо објави дека по интерни разговори, „ѓаволите“ решиле да се откажат од намерата да го ангажираат напаѓачот.

Атлетик пак пишува дека Манчестер јунајтед се решил на ваков потег поради притисокот од навивачите. Клубот добил многу пораки и поплаки, не се спореле само квалитетите на фудбалерот, туку и карактерот на Марко Арнаутовиќ.

Се говори дека „ѓаволите“ добиле мејл од македонски навивач кој потсетил дека Марко Арнаутовиќ бил обвинет за расизам на натпреварот помеѓу Македонија и Австрија на Европското првнство.

Марко Арнаутовиќ тогаш имаш вербален дуел со Езгјан Алиоски, беа разменети пцовки и погрдни зборови,а репрезентативецот на Австрија доби еден натпревар суспензија од УЕФА.

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе