Куп на Македонија

Поради големата трагедија, ФФМ ги одложи натпреварите од Купот на Македонија

Четвртфиналните натпревари од фудбалскиот Куп на Македонија кои требаше да се играат во четврток, се презакажани за 1. декември. 

Поради големата трагедија која се случи во Бугарија, во која загинаа 46 македонски државјани во автобуска несреќа, ФФМ ги одложи мечевите од купот.
 
„Комисијата за натпреварување во Фудбалската федерација на Македонија го информира фудбалското семејство и клубовите од МФЛ дека по големата автобуска несреќа која се случи во раните утрински часови во Р. Бугарија, а во која животот го загубија наши граѓани, планираните четвртфинални натпревари од Купот на Македонија закажани за 24. ноември 2021 година се пренасочуваат за одигрување на 01. декември 2021 година со почеток во 13:00 часот“, се вели во соопштението на ФФМ. 
 
Во четвртфиналето требаше да се сретнат:
 
Македонија ЃП – Шкупи
Пелистер – Вардар
 Шкендија – Струга ТЛ
Силекс – Брегалница.

После речиси две години очигледно е дека менталното здравје на вработените е исто важно како и нивното физичко здравје. Сега повеќе од било кога, неопходен е силно развиен систем за управување со човечки ресурси.

повеќе

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе