Лука Дончиќ беше најдобар на теренот на мечот меѓу тексашките ривал Далас и Сан Антонио, постигна 25 поени и освои пофалби од Грег Попович.
„Замислете да постоеше Југославија и сите овие кошаркари да играа заедно. Тоа би било навистина возбудливо, Срби, Хрвати, Словенци, Босанци... Дончиќ секогаш ме потсетувал на тоа, но и секој кошаркр од тие простори бидејќи играат одлчно. Навистина се импресивни во НБА, се сеќавам на времето кога играа Кукоч, Дивац, Паспаљ, Петровиќ. Тие играа заедно и беа фантастичини“, вели Попович.
„Ме погодува мислата како може да стане толку добар кошаркар од една толку мала земја. Не играл по терените во Лос Анџелес или Чикаго каде има голема конкуренција. Мора да му се оддаде признание, Американците најчесто го забораваат тоа. Уживање е да се гледа Лука, ги обожувам неговите емоции. Знае да се налути, знае да се насмее до солзи, ужива во своите влезови, погоден тројки. Тој е забавен, но врвен кошаркар“.
Резултати од синоќешните натпревари:
Филаделфија - Детроит 110:102
Вашингтон - Атланта 122:111
Чикаго - Њујорк 103:104
Хјустон - Јута 91:122
Далас - Сан Антонио 104:99
Голден стејт - Мемфис 101:104