Арсова настапот го заврши на 28. место со време од 2:41:20 часа, што е за речиси шест минути послаб резултат од нејзиниот настап на маратонот во Копенгаген во јуни оваа година кога постави нов македонски рекорд со 2:35:29 часа.
Победничка на маратонот беше Готитом Гебресласе од Етиопија со нов рекорд на Светските првенства, 2:18:11.
Во оваа дисциплина на Светското првенство беа пријавени 41 натпреварувачка, а трката ја завршија 32.