Легендарниот Шкот не можел да поднесе како неговиот тим е целосно надигран

Понижениот Фергусон со шише вино ја ублажувал болката од срамните 0-3 на Сити среде Олд Трафорд

Медиумите од Англија пренесуваат дека Сер Алекс Фергусон се чувствувал понижен од водството на Манчестер Сити од 0-3 на Олд Трафорд па не сакал да седи во свечената ложа и се упатил во својата канцеларија да ја ублажи болката со шише вино.

Шкотот често може да се види на трибините како го следи својот Манчестер јунајтед, во вторникот беше на Олд Трафорд за големото градско дерби во полуфиналето од Лига Купот.

Но престојот на Сер Алекс Фергусон во свечената ложа воопшто не бил пријател откако „граѓаните“ им одржаа лекција на „ѓаволите“, целосно го надиграа лутиот ривал и до полувреме имаа висока предност од 0-3.

Медиумите од Англија сега пренесуваат дека Сер Алекс Фергусон се чувствувал понижен не сакал и не можел да ги гледа директорите на Манчестер Сити крај себе во свечената ложа и на паузата се упатил во својата канцеларија каде со шише црвено вино се обидел да ја ублажи болката.

„Сер Алекс Фергусон гледаше само како побрзо да се упати во својата канцеларија, не сакаше да се соочи со никого и преферираше да биде некаде на друго место. За разлика од него, господинот Ед Вудворд одстана и се држеше за глава со рацете“ – вели извор кој имал прилика да ги прати случувањата во свечената ложа на Олд Трафорд.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе