Постигна спектакуларен лоб

Помошник тренер влезе во игра и за неколку минути изрежира фудбалска магија (ВИДЕО)

Пријателскиот натпревар помеѓу Копенхаген и Оденсе беше одбележан од помошник тренерот на гостите, 40 годишниот Хенрик Хансен влезе во финишот и веднаш направи спектакл со магичен лоб.

Копенхаген и Оденсе денеска одиграа тест натпревар кој заврши 2-2. Шоуто го украде помошник тренерот на гостите.

40 годишниот Хенрик Хансен, кој се пензионираше во 2015, во финишот од мечот истрчна на теренот откако еден фудбалер се повреди а Оденсе веќе ги имаше искористено сите играчи на клупата.

Иако нема играно фудбал пет години, за неколку минути покаже дека се уште има фудбалска магија во нозете. По едно невнимание на голманот и дефанзивата на Копенхаген, Хенрик Хансен ја освои топката и со лоб од место од 16 метри постигна спектакуларен гол.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе