Трансферот на Србинот може да чини и до 50-60 милиони евра

Половина работа завршена, Барса се договори со талентираниот Лука Јовиќ!

„Каталонците" уште сега работат на ново летно засилување, медиумите од Германија пренесуваат дека Барса се договорила со талентираниот Лука Јовиќ и сега треба да пронајде јазик со Ајнтрахт Франкфурт.

„Каталонците“ за следната сезона веќе донесоа големо засилување, Френки Де Јонг од Ајакс ќе треба да го подмлади средниот ред. Лидерите на клубот исто така работат и на ангажман на нов напаѓач, кој ќе треба да го одмори Луис Суарез но и да го замени во иднина со оглед на тоа дека Уругваецот има 32 години.

Барса се поврзуваше со неколку имиња а според последните информации, изборот паднал на Лука Јовиќ. Според пишувањата на весникот „Франкфуртер Алгемајне“, шампионот на Шпанија си подал рака со агентот на 21 годишниот Србин и двете страни постигнале согласност за платата на голгетерот.

Сега останува Барселона да се договори и со Ајнтрахт Франкфурт за висината на обесштетувањето. „Франкфуртер Алгемајне“ додава дека на адреса на „Орлите“ се уште нема пристигнато конкретна понуда.

Со 14 погодоци зад своето име, Лука Јовиќ во моментов е прв стрелец во Бундеслигата, и со одличните партии го привлече вниманието на многу клубови помеѓу кои Реал Мадрид и Баерн Минхен, па се шпекулира дека трансферот на Србинот може да чини и до 50-60 милиони евра.

(Текстот е одговор на колумната „Сите нации се модерни конструкти" од д-р Љубица Спасковска објавена на МКД.мк, 1 август)

повеќе

На мојот пријател, овчарот Митко му реков: „Дојде време ти, јас, сите граѓани на Македонија да си го вратиме суверенитетот на оваа наша држава".

повеќе

Неопходно е да се допрецизира законот со што би се овозможило одреден дел од финансиски средства да се пренасочат кон делот на општествена одговорност на приредувачите на игри на среќа со цел подобрување на спортската инфраструктура.

повеќе