Пристигна официјална потврда

Пол Погба се врати во Јувентус и го доби дресот со број 10

Јувентус и официјално го потврди трансферот на Пол Погба, Французинот стави потпис на договор до јуни 2026 година.

Пол Погба се врати во Јувентус, Французинот изминатиов викенд ги помина редовните лекарски прегледи и ги комплетираше формалностите.

Утрово пристигна и официјалната потврда, „старата дама“ соошти дека Пол Погба се обврзал до јуни 2026 година.

Пол Погба го напушти Јувентус во 2016 и се пресели во Манчестер јунајтед за тогаш рекордни 105 милиони евра.

Сега се враќа во Торино практично за беспари, Јувентус откри дека само треба да плати провизија од 2,5 милиони евра.

Безбедноста, енергијата и миграцијата се три приоритети со најголема важност за британските граѓани, така што тие се на и на самиот врв на мојата агенда. Затоа патувам за Прага на средбата со европските лидери.

повеќе

Камбаните бијат поради нашата некадарна дипломатија, која е професионално  одговорна за дебаклот со Договорот со Бугарија, а пред тоа за Преспанскиот договор.

повеќе

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе