Останува и тренерот на голманите

Пократок договор за Мануел Нојер но со поголема плата

Мануел Нојер ја продолжи соработката со Баерн Минхен, двете страни се најдоа на средина и си подадоа рака за договор со трајност до 2023 година, поголема плата и останување на тренерот на голманите, ,Тони Тапаловиќ.

Раководството на Баерн долго време беше во преговори со Мануел Нојер, еден период се шпекулираше дека двете страни влегле во ќор сокак. Голманот побарал петгодишен договор и плата од 20 милиони евра по сезона, услови кои клубот од Алианц Арена не бил подготвен да ги понуди.

Сепак, постигнат е компромис и Мануел Нојер денеска ја продолжи соработката со „баварците“.

Германецот доби договор до 2023, платата ќе му биде поголема од сегашните 15 милиони евра, но помала од бараните 20 милиони евра. Исто така, во клубот останува и тренерот на голманите, Тони Тапаловиќ.

„За време на карантинот поради пандемијата на коронавирус, не сакав да донесам одлука бидејќи никој не знаеше како Бундеслигата ќе продолжи. Исто така, ми беше многу важно да продолжам да работам со тренерот на голманите, Тони Тапаловиќ. Сега кога и тоа е решено, со голем оптимизам гледам на иднината. Се чувствувам комфорно и како дома во Баварија. Баерн е и останува еден од најголемите клубови во светот на фудбалот“ – вели Мануел Нојер.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе