ПСЖ нема многу да жали по својот сегашен тренер

Покетино во Манчестер јунајтед, Зидан во ПСЖ?

Маурисио Покетино се споменува како фаворит за наследник на Оле Гунар Солшер, но нејасно е кога тој би можел да се пресели на Олд Трафорд со оглед на тоа дека има договор со ПСЖ.

Некои медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед и Покетино веќе почнале преговори. Аргентинецот изразил желба да замине од ПСЖ и да се врати во Англија.

Веројатно и францускиот клуб нема многу да се противи на заминување на Покетино ако во меѓувреме успее да го договори Зинедин Зидан за нов тренер.

Зидан сака да се врати на тренерската работа, но не сака да работи во Англија, па ПСЖ изгледа како идеален клуб за него.

Голема е веројатноста Покетино да замине во Манчестер јунајтед, а Зинедин Зидан да стане нов тренер на ПСЖ.

Последниот збор ќе го имаат од францускиот клуб, тие имаат договоро со Покетино кој трае до крајот на оваа година и дотогаш само тие ќе можат да кажат дали Аргентинецот ќе може да замине порано.

Во меѓувреме Мајкл Керик ќе го води Манчестер јунајтед, а неговиот прв предизвик е вечерва во Лигата на шампионите на гостински терен кај Виљареал.

Освен тоа што муралите се моќно средство за комуникација, тие можат да бидат и предмет на манипулации, па и пропаганда, подигање тензии и продлабочување на недоразбирањата во БиХ.

повеќе

Процесот на донесување на буџетот ме потсетува на една изрека на поранешниот државен секретар на трезорот на САД, Џејкоб Лу (Jacob Lew) кој вели дека „Буџетот не е само колекција на бројки, туку израз на нашите вредности и аспирации“.

повеќе

Конески со голема дарба и со рационална мисла, создаде комуникативна поезија, создаде за македонските генерации образец на читлива литература.

повеќе