Не можеше да ги види поради паузата за репрезентации, па...

Покетино со порака на таблата во соблекувалната се збогува со фудбалерите на Тотнем (ФОТО)

Поради паузата за репрезентативни настапи, Маурисио Покетино не можеше лично да се збогува со фудбалерите на Тотнем, но најде начин да им каже што мисли. 

Веднаш откако добил отказ, Покетино облечен уште во опрема од клубот, отишол во соблекувалната да им напише порака за збогум на своите фудбалери.

На таблата на која вообичаено им пишувал тактика, Покетино напиша: „Големо благодарам за сите вас! Не можевме да се збогуваме... Секогаш ќе бидете во нашите срца“.

Пораката која е од Покетино и неговиот стручен штаб, на социјалните мрежи ја објави Хесус Перез, вториот негов помошник.

Голем гест на Покетино кој не освои титула со Тотнем, но направи многу за овој англиски тим, го придвижи неколку скалила нагоре овозможувајќи му речиси секоја сезона да игра Лига на шампиони, а и да почувствува како е да се игра во финале на најголемото клупско натпреварување.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе