Аргентинецот на маса има луда понуда

Покетино прва желба на Саудијците, му нудат 19 милиони годишно за да стане тренер на Њукасл

Скај Спортс пренесе дека Маурисио Покетино е прва желба на потенцијаните нови сопственици на Њукасл, Саудијците ќе го примамуваат Аргентинецот со луди 19 милиони фунти по сезона.

Конзорциум предводен од Саудијци започна процес за купување на Њукасл во зделка вредна околу 300 милиони фунти. Парите не се проблем за потенцијалнитe нови сопственици на „чавките“ па се најавуваат големи промени на Сент Џејмс Парк.

Покрај тоа што се очекува да бидат инвестирани неколку стотици милиони фунти на засилувања, нема да се штеди и за ангажман на тренер од светска класа.

Според пишувањата на Скај Спортс, прва желба е Маурисио Покетино и Аргентинецот ќе биде примамен со луди 19 милиони фунти по сезона. Поголема плата од него би имале само Пеп Гвардиола и Диего Симеоне.

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе