Љубовта кон клубот и фановите е поголема од болниот отказ

Покетино планира да се врати во Северен Лондон: Пред да умрам сакам да освојам титула со Тотнем!

Маурисио Покетино не му се лути на Тотнем и покрај болниот отказ, посакува еден ден одново да седне на кормилото на „спарси" и да освои титула со клубот од Северен Лондон.

Во јуни месец минатата година, Маурисио Покетино и Тотнем играа финале во Лигата на шампионите, натпревар кој беше кулминација на петгодишната работа на стратегот.

Но по овој меч, работите тргнаа „низ брдо“, клубот од Северен Лондон играше под очекувањата, резултатите не беа на посакуваното ниво, па раководството се реши за непопуларен потег и во ноември му удри клоца на Аргентинецот.

Сепак и покрај болниот отказ, Маурисио Покетино не му се лути на Тотнем, посакува еден ден одново да седне на кормилото на „спарси“ и да ја заврши мисијата, односно да донесе титула.

„Тоа беше прекрасно патување кое заврши на начин на кој никој не сакаше да заврши. Но длабоко во моето срце, сигурен сум дека нашите патишта одново ќе се вкрстат. Уште од првиот ден кога го напуштив клубот, сон ми е да се вратам еден ден и да се обидам да ја довршам работата која ја започнав. Бевме многу блиску до триумф во Премиерлигата и Лигата на шампиони“ – вели Маурисио Покетино за БТ Спорт.

„Секако, со нетрпение чекам да продолжам со кариерата и полн сум со мотивација за следниот проект. Но длабоко во мене знам дека сакам да се вратам бидејќи фановите се специјални. Можеби за пет години, можеби за 10 години... пред да умрам сакам уште еднаш да бидам тренер на Тотнем. Сакам да почувствувам што значи да се освои титула со Тотнем бидејќи фановите се неверојатни. Сакам со титула да им се оддолжам за поддржката и љубовата која ми ја дадоа“.

„Новото нормално“ неизбежно со себе ќе носи неизвесност и страв бидејќи заканата од вирусот наѕира во позадина и не може да се искорени.

повеќе

„Шарената револуција“ беше енергија и граѓански порив за промени. Малку застранивме.

повеќе

Државниот врв на Србија, вклучително и група лекари кои ја предводат борбата против ширењето на вирусот корона, во најмала рака го игнорираа влошувањето сè додека не заврши гласањето.

повеќе