Покетино: На Мурињо му реков дека јас ќе седнам на неговото место во Реал, на крајот тој седна на моето во Тотнем

Додека Мурињо бил тренер на Реал Мадрид, Покетино во една прилика му рекол дека еден ден ќе го наследи португалецот, но се случи спротивното.

Покетино не крие дека сонува да биде тренер на Реал Мадрид, во една прилика му го кажал тоа и на Жозе Мурињо додека тој беше на Сантијаго Бербнабеу.

„Го видов Мурињо во Мадрид и му реков: Можеби еден ден ќе ја земам твојата позиција во Реал Мадрид“, но видете како животот се менува. Тој го зема моето место во Тотнем. Неверојатно, нели?“, вели Покетино.

„Со Жозе се знаеме многу долго. Среќен сум што тој е мојот наследник во Тотнем“.

За следниот негов ангажман, Покетино вели дека важен му е проектот на клубот, дали тимот ќе биде конкурентен да освојува титули.

„Поважно ми е каков е проектот отколку во која држава е тој. Се работи за клубот се разбира, за луѓето кои се во него. Ја сакам Премиерлигата и Англија, се уште мислам дека тоа е најдобрата лига во светот. Таа е мој приоритет, но не ја исклучувам можноста да бидам тренер во друга земја. Во моментов останувам тука, во Лондон, со мојата фамилија. Ќе ми биде тешко ако треба да работам во друга земја, но не и невозможно“.

Кога ќе заврши пандемијата, очекувајте државите да се вратат со поголема власт и поголем легитимитет.

повеќе

Откако не успеа во приказот на Мицкоски како екстензија на Груевски и на опозицијата како „анти-западна“, со изјавите неделава Заев покажува дека негов рецепт за изборна победа е само што помала излезност без учество на опозицијата.

повеќе