Манчестер јунајтед

Покетино е прв фаворит за нов тренер на Манчестер јунајтед

Маурисио Покетино е фаворит број еден на раководството на Манчестер јунајтед, но тој би го преземал кормилото од следната сезона.

Според „Скај Спортс“, Маурисио Покетино е желбата на раководството на Манчестер јунајтед за нов тренер.

Јунајтед синоќа го отпушти Солшер, а во соопштението стоеше дека Мајкл Карик ќе го води тимот во наредните мечеви додека клубот не најде привремен тренер до крајот на сезоната.

Тоа што Манчестер јунајтед е во потрага по привремен тренер кој би работел до крајот на сезоната, е сигнал дека перманентното решение ќе сакаат да го назначан во летниот преоден рок.

Покетино има договор од 18 месеци со ПСЖ со можност за продолжување на уште една сезона, но ако не ја освои Лигата на шампионите не се верува дека ќе остане во Париз.

Тој таму живее во хотел, додека неговото семејство се уште е во Лондон. Аргентинецот наводно им кажал на свои пријатели дека сака да стане нов тренер на Манчестер јунајтед.

Покетино со Тотнем не освои трофеј, но стигна до финалето од Лигата на шампионите во 2019 година.

Втор кандидат за нов тренер на Тотнем е Тен Хаг од Ајакс.

Се верува дека опцијата за назначување на Зидан веќе не е во игра, наводно сопругата на Французинот не сака да се пресели во Манчестер, па тој ќе ја послуша нејзината желба.

Јазикот е многу повеќе од структура на една реченица или граматика, јазикот е нашата историја, нашите обичаи и нашето наследство...

повеќе

Овој отпад, освен тоа што ја загадува животната средина, исто така предизвикува дефекти во машините, ги оштетува контејнерите и го спречува транспортот на друг отпад.

повеќе

Нема простор за двоумење и губење време, затоа Македонија и Бугарија треба да соработуваат што е можно поскоро за да најдат јасен јазик за разбирање, во процес кој би бил следен од ЕУ, Вашингтон и ОН.

повеќе