Бразилецот ќе остане во Париз барем уште две години

„Поголеми се шансите Меси да се прeсели во ПСЖ отколку Нејмар да се врати во Барселона“

Агентот на Нејмар, Вагнер Рибеиро вели дека е многу тешко Бразилецот да се врати на Камп Ноу и смета дека полесно може да се случи трансфер на Лео Меси во ПСЖ.

Нејмар во 2017 се пресели во Париз за рекордни 222 милиони евра, но постојано има гласини дека сака да замине од Париз и да се врати во Барселона.

Минатото лето до последен ден се работеше на ваква зделка, но ПСЖ и Барса не најдоа договор. Името на Нејмар одново се поврзува со „каталонците“ и ова лето, но поради коронавирус кризата, практично e невозможно да се реализира еден ваков трансфер.

Неговиот агент, Вагнер Рибеиро сега вели дека Нејмар ќе остане во Париз барем уште две години.

„Во овој момент, полесно е Меси да се пресели во ПСЖ отколку Нејмар да се врати во Барселона. Сериозен сум. Никој не треба да се сомнева во економската моќ на Катар“ - вели Рибеиро. 

„Имаше времиња кога тој беше тажен поради повредите. Тогаш сакаше да замине, да се врати во Барселона или да направи трансфер во Реал Мадрид. Но ситуацијата сега е сосема поинаква, тој сега е среќен. Живее во „градот на светлината“ каде сите сакаат да одат на прошетка, ужива во француската кујна, живее во убава куќа, пријателите и семејството му се во близина, игра за еден од најдобрите клубови... па зошто да замине?“

„Нејмар е среќен и мислам дека ќе остане во ПСЖ барем уште две години“.

Во Македонија само 1% од младите професионално се занимаваат со спорт, 7% спортуваат аматерски, додека 42% спортуваат рекреативно или практикуваат физичка активност во вид на хоби и рекреација.

повеќе

Нашето законодавство дава поголема важност на едно парче хартија отколку на вистинската состојба на терен.

повеќе

Еве што знаат мнозинството Македонци и Бугари родени до 1980 година.

повеќе