Навивачите на Манчестер јунајтед не сакаат да го слушнат ова

Погба во стилот на Азар, од кампот на Франција изјави дека сонува за настап во Реал!

Пол Погба реши да ги копира тактиките кои многу често ги користи Еден Азар, од прес со репрезентацијата на Франција изјави дека сонува за настап во Реал Мадрид и под вдоство на Зинедин Зидан.

Пол Погба се посочува како една од желбите на Зинедин Зидан за засилување на Реал Мадрид, „кралевите“ планираат голема реконструкција на тимот по катастрофалната сезона.

На пресот пред стартот на квалификациите за ЕВРО 2020 и дуелот на „триколорите“ со Молдавија, играчот беше запрашан за овие шпекулации и тој само додаде масло во оганот со својата изјава.

„Секој сонува за настап во Реал, се работи за еден од најголемите клубови во светот. Зидан се врати на тренерското столче, и ова е сон за секое дете, за секој кој го сака фудбалот“ – вели Французинот.

„Во моментов јас сум среќен во Манчестер јунајтед, но не знам што носи иднината“.

Минатото лето се појавија гласини дека Пол Погба побарал од Манчестер јунајтед да биде продаден, а откако влезе во конфликт со Жозе Мурињо, се говореше дека дефинитивно ќе замине од Олд Трафорд доколку Португалецот остане. Сепак, „специјалниот“ доби отказ, а откако Оле Гунар Солскјер го превзеде кормилото, фудбалерот игра како препороден и му се врати насмевката на лицето.

Секако неизбежно беше и прашање на оваа тема, но Пол Погба реши да не креира нова галама.

„Не победувавме под водство на Мурињо, затоа работите одеа во погрешна насока. Доколку резултатите беа позитивни, тој ќе останеш. Тоа е се, немам што повеќе да кажам“.

Напредокот и оптимизмот што ги обележаа децениите по 2. Светска војна се гледаа во создавањето на средната класа, составена од луѓе што, иако родени во куќи со земјени подови, завршија со факултетски дипломи и добри работни места во големите градови. Поседуваа автомобили и викендички, летуваа на море и патуваа во странство без визи.

повеќе

Најголемиот предизвик на секоја земја е развојот и одржувањето на здрава популација.

повеќе

Албанија и Северна Македонија уште ќе чекаат, една година откако блокот рече дека имаат шанси за разговори за членство, вели Политико.

повеќе