Французинот флертува со „кралевите“

Погба: Сон ми е да играм во Реал Мадрид, зошто да не бидам таму еден ден?

Пол Погба уште еднаш потврди дека сака да го облече дресот на Реал Мадрид, вели дека настап на „Сантијаго Бернабеу" е негов сон.

Летото во 2019, Французинот силно се поврзуваше со преселба во Реал Мадрид но Манчестер јунајтед не сакаше да го продаде и постави висока цена. Поради коронавирус кризата, името на Пол Погба ова лето не беше на агендата на „кралевите“ но уште сега се шпекулира дека во 2021, фудбалерот од средниот ред ќе биде дел од шопинг листата. 

Во Мадрид, Пол Погба како тренер ќе го има сонародник Зинедин Зидан, со кого во октовмри минатата година се сретна на одмор во Дубаи и заеднчката фотографија ги запали социјалните мрежи. 

„Зидан? Сите ги слушнавме и прочитавме работите кои беа кажани. Реал Мадрид? секој фудбалер би сакал да игра во Реал Мадрид. Да, сон ми е да играм во Реал Мадрид, зошто да не бидам таму еден ден?“ - вели Пол Погба. 

Тој е под договор со Манчестер јунајтед до 2021, но „ѓаволите“ имаат опција да ја продолжат соработката за уште една дополнителна година. 

Запрашан дали има преговори за нов договор, Пол Погба вели: „Преферирам да се фокусирам на фудбалот и мојот кам-бек. Никој ништо не ми кажал, немам разговарано со Ед Вудворд, немаме разговарано за нов договор. Во моментов сум дел од Манчестер јунајтед и фокусиран сум само на тоа како да се вратам во топ форма. Мислам дека има време кога клубот ќе седне да разговара со мене и да ми достави понуда. Но во моментов нема ништо“. 

„Кружат најразлични гласини, луѓето велат дека ќе заминам, дека треба да одам во овој клуб, во тој клуб... Во моментов јас сум дел од Манчестер јунајтед и го давам максимумот за клубот да се врати на врвно ниво“.

И покрај сета надеж што се роди со објавите за докажана ефикасност на неколку кандидати за вакцини за ковид-19, има долг пат пред нас што треба да се изоди за да се дојде до универзална и лесно достапна „вакцина за луѓето“. 

повеќе

Самиот Никос Коѕијас не го почитува договорот што го потпиша со Заев и Димитров. Ќе реагира ли македонското МНР на терминологијата во неговата колумна, како што вети дека секогаш ќе реагира кога се крши Договорот од Преспа? Треба. Ама не е за верување.

повеќе

За првпат 16 врвни бизнисмени од земјите на Западен Балкан, врз основа на мерливи критериуми, ќе го следат напредокот на економските реформи во регионот и ќе го известуваат Брисел.

повеќе