Вест што сигурно нема да им се допадне на навивачите

Погба сака да замине од Манчестер јунајтед, а на 1 јули треба да добие бонус за лојалност од речиси 4 милиони

Пол Погба на почетокот од следниот месец ќе треба да добие бонус за лојалност од 3,78 милиони фунти, а играчот веќе изрази желба за нов предизвик и заминување од Олд Трафорд.

Французинот е на излезна врата од Олд Трафорд, Зинедин Зидан силно го посакува за новиот проект во Реал Мадрид а и Јувентус се обидува да го врати во Торино.

Самиот Пол Погба минатата недела изрази желба да замине и изјави дека е време за нов предизвик и промена на средината. И покрај тоа што во мислите има друга дестинација, фудбалерот од средниот ред на 1. јули ќе добие „дебел“ бонус за лојалност.

Како што пишува Дејли Мејл, на сметката на Пол Погба на почетокот од следниот месец треба да легнат 3,78 милиони фунти. Овој бонус се зголемува секоја година, и во 2018 тој инкасирал 3,46 милиони фунти за лојалноста кон „ѓаволите“.

Минатата недела, Сирија повторно беше на врвот на меѓународните вести. Земјата, која долги години е вклучена во борбата против екстремистичките групи, повторно се соочи со нов бран на агресија и воена акција. Во средата, на 9 октомври, турската армија, заедно со сириските антивладини бунтовници, го започна маршот кон североисточните делови на оваа земја што предизвика жестоки борби.

повеќе

Добар изборен систем треба да биде репрезентативен, но и да овозможува ефикасно владеење.

повеќе

Луѓето можете и ги задржите во сопствената земја - ако им е добро.

повеќе