Французинот синоќа беше еден од најдобрите во триумфот над Челси

Погба одби да покаже верност кон Манчестер јунајтед: Мојата иднина е под голем знак прашалник

Пол Погба се огласи за својата иднина, Французинот одби да покаже верност кон Манчестер јунајтед и порача дека времето ќе покаже дали има вистина во најавите за трансфер во Реал Мадрид.

Фудбалерот од средниот ред е желба на Зинедин Зидан и се верува дека тој е последното парче од сложувалката на тренерот на Реал и реконструкцијата која се прави ова лето во Мадрид.

Неодамна Оле Гунар Солскјер порача дека Пол Погба останува во Манчестер јунајтед, а откако трансфер пазарот во Англија затвори без „ѓаволите“ да донесат соодветна замена, тешко дека до крајот на месецов ќе прифатат продажба.

По триумфот од 4-0 над Челси, во кој Пол Погба забележа две асистенции, Французинот излезе со коментар за својата иднина и порача дека виси голем знак прашалник.

„Секогаш се чувствувам добро кога играм фудбал. Го правам тоа што го сакам, плус тоа е и мојата работа. Го давам максимумот секогаш кога сум на теренот“ – вели тој за Радио Монте Карло.

„Знам дека беа кажани одредени работи за мое заминување. Времето ќе покаже. Има голем знак прашалник. Во моментов сум играч на Манчестер јунајтед, се забавувам со соиграчите, секогаш сакам да победувам и секогаш се обидувам да го прикажам најдоброто од себе на теренот“.

Античкиот грчки филозоф Хераклитус, кој живеел пред Сократ, Платон и Аристотел, е авторот на често користената поговорка „панта реи“ (Panta rei), односно, во превод, поедноставено: ,„сѐ тече, сѐ се менува, ништо не останува исто, нема апсолутна вистина и единствена реалност е повеќегодишно движење“.

повеќе

Интеграциите и буџетски субвенционираната економија и социјала се проектираните теми на кампањата на власта за претстојните избори.

повеќе

Третманот и плаќањето на работникот од кого зависи целиот производствен систем, треба да биде на прво место кај државата и работодавачот. 

повеќе