Французинот ќе одбира помеѓу други три клубови

Погба нема да прави предавство, го известил Сити дека има подобра понуда

Новинарот Дејвид Орнштајн пренесува дека Пол Погба нема да се пресели во Манчестер Сити, Французинот преферира понуда која му ја доставил друг клуб.

Пол Погба ги одработува последните месеци од договорот со Манчестер јунајтед, често се шпекулира за тоа кој ќе биде неговиот следен клуб, а неодамна се појавија гласини за шокантен трансфер и преселба во градскиот ривал Манчестер Сити.

Сепак, новинарот Дејвид Орнштајн пренесува дека Пол Погба нема да направи предавство, тој веќе ги известил „граѓаните“ дека нема да се пресели на „Етихад“.

Дејвид Орнштајн додава дека Пол Погба преферира понуда која му ја доставил друг клуб, смета дека целиот пакет кој е ставен на маса е поатрактивен.

Јувентус, ПСЖ и Реал Мадрид се посочуваат како главни кандидати за потписот на фудбалерот од средниот ред.

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе

Концептот е насочен кон креирање на оптимален даночен систем, кој ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на нашите граѓани.

 

повеќе