Го навредија изјавите од претседателот

Погба нема да игра за Франција поради Макрон?

Информациите од Франција велат дека Пол Погба ќе стави крај на репрезентативната кариера поради една изјава на претседателот Емануел Макрон против муслиманите. 

По грозоморното убиство за францускиот професор од страна на исламски екстремист, претседателот на Франција даде изјава која навреди многумина муслимани.
 
Емануел Макрон рече: „Единството и цврстината се единствените одговори за монструозноста на исламскиот тероризам“.
 
Голем дел од муслиманскиот свет ваквата изјава ја сфатија како лична навреда. Голем дел од нив најавија бојкот на француските производи. Се навреди и Пол Погба кој ветил дека веќе нема да игра за француската репрезентација.
 
Засега ниту Погба ниту Фудбалската федерација на Франција официјално не потврдиле дека фудбалерот се откажува од националниот тим.
 

На три месеци пред избори, Владата носи закони и уредби со катастрофални последици по граѓаните, што е просто неверојатно.

повеќе

ДУИ, која по конфликтот го вееше албанското црвено - црно знаме, потоа синото, на следните избори ќе го вее зеленото.

повеќе

Што правите министерке, кога ќе посетите еден приватен или државен иниверзитет за да видите што навистина се случува.

повеќе