Премиерлига

Погба направи смешен пенал, Гринвуд за историја, само бод за Манчестер јунајтед против Вест Хем (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед одигра 1-1 на домашен терен против Вест Хем па сега не треба да загуби од Лестер за да обезбеди настап во Лигата на шампиони, младиот Мејсон Гринвуд испиша историја.

„Ѓаволите“ киксираа против Вест Хем, одиграа само 1-1, но и ова може да им биде доволно за топ четири пласман и настап во Лигата на шампиони. Избраниците на Солшер сега не треба да изгубат на гостувањето кај Лестер во последното коло. 

Вечерва на Олд Трафорд, „чеканите“ поведоа кон финишот на првиот дел откако Погба направи пенал а Антонио погоди од белата точка. 

Манчестер јунајтед се врати во игра веќе на стартот од вториот дел, Гринвуд одлично комбинираше со Марсијал и биеше прецизно по земја за 1-1. Младиот Англичанец со овој гол им се придружи на легендите како Џорџ Бест, Брајан Кид и Вејн Руни, кои како тинејџери имале по 17 погодоци во една сезона. 

До крјаот на натпреварот, двата тима имаа свои шанси за победа, но мрежите мируваа.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе