Премиерлига

Погба конечно во вистинско светло, прекрасно погоди за славје на Манчестер јунајтед против Фулам (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед со 1-2 го совлада Фулам, Пол Погба се погрижи „ѓаволите" да си заминат со три бода, Французинот прекрасно пласираше од работ на шеснаесетникот.

Пол Погба по втор пат во осум дена решава натпревар, откако атрактивно погоди против Барнли за славје, вечерва го сруши и Фулам.

Домаќините одлично го отворија натпреварот и поведоа преку Лукман 5. минута, но гостите брзо се вратија во игра, Кавани изедначи на 1-1 во 21. минута откако голманот Ареола лошо реагираше по една нафрлена топка на Бруно Фернандеш.

Најубавиот момент на мечот се случи во 65. минута, Пол Погба прекрасно пласираше на подалечната статива од работ на шеснаесетникот и донесе предност за „ѓаволите“ од 1-2.

Во финишот од натпреварот Де Хеа го спречи Лофтус Чик да изедначи на 2-2, а во последните секунди, гостите имаа доста среќа, малку фалеше Баји да си постигне автогол, но топката мина милиметри крај стативата.

Со оваа победа, Манчестер јунајтед се врати на врвот на табелата.

Формирањето на платформа за прекугранична соработка за борба против аерозагадувањето има потенцијал вистински да придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во нашата земја.

повеќе

 Еврообврзница во услови на најголемата светска економска криза за репрограмирање на долгот и буџетска поддршка.

повеќе

Повикот на Заев за „Влада за национален спас“ само три дена откако неговиот кабинет ја доби собраниската доверба, покажува дека таа тешко би се качила над сегашните 62 пратеници.

повеќе