Чекаат трансфери

Погба и Лукаку се во Австралија со Јунајтед, но со мислите се на други места

Манчестер јунајтед е во Австралија каде се подготвува за новата сезона, таму се и Пол Погба и Ромелу Лукаку кои чекаат трансфери.

Пол Погба и Ромелу Лукаку отпатуваа во Австралија заедно со остатокот од тимот на Манчестер јунајтед но и двајцата се надеваат дека што побрзо ќе си заминат од кампот и ќе потпишат за нови клубови.
 
За Погба има голема битка меѓу Реал Мадрид и Јувентус кои се борат за неговиот потпис. 
 
Неговиот агент Мино Рајола изјави дека преговорите со заинтерсираните се во тек и наскоро Погба може да очекува добри вести.
 
Ситуацијата со Лукаку е многу слична на онаа на Погба. Напаѓачот исто така се надева дека за кратко време ќе ја промени средината, тој се поврзува со Интер. Преговорите меѓу двете страни се во тек.
 
На подготовките во Перт се и двете нови засилувања на Манчестер јунајтед, Арон Ван Бисака и Даниел Џејмс.

САД денес остануваат држава со најнапреден систем на високо образование во светот, со најголем број на научни публикации, инвестиции во наука, патентирање на иновации и на добитници на Нобелова награда.

повеќе

(Реакција на колумната на Наум Кајчев, „За Гологанови и нашата заедничка историја“, 15 септември 2019, МКД.мк)

повеќе

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе